Понуда Грција

22 Листа
Број на соби: 2 Бањи: 1 Станбена површина: 75 m²

Убав апартман 75м2, во близина на плажа во Пефкохори, убава инвестиција за летните месеци покрај море. Апартманот нуди 2 спални, 2 купатила, кујна трпезарија и дневна со излез на тераса. Самиот апартман има мала приватна градина и е за идиличен мирен одмор далеку од градската врева. Во близина е шоппинг зоната со продавници, бутици, таверни и детски игралишта. Оддалеченост од Пефкохори 1200м, од плажа, 250м, од првиот аеродром во Солун 100км. Цена: 82000еур.

Број на соби: 2 Бањи: 1 Станбена површина: 75 m²
Број на соби: 4 Бањи: 2 Станбена површина: 150 m²

Луксузна вила со приватна плажа во Афитос од 150м2, модерна, а сепак безвременски дизајнирана, на плац од 1000м2, безпрекорно дизајниран со зеленило и градина, кој нуди комплетна приватност бидејки е заграден. Самата вила е така дизајнирана да нуди идеално летно бегство и уживање во природните убавини на Афитос. Приватен базен, приватен паркинг, скара, 60м2 балкон и излез на приватна плажа. Вилата е составена од 4 спални, 2 купатила, дизајнирана кујна, голем салон со камин, со излез надвор во градината. Газдите ќе го остава дизајнерскиот мебел и бела техника на новиот сопственик. Приватно греење и ладење низ целата вила. Оддалеченост од Афитос, 50м, од плажа 1м, од првиот аеродром во Солун 70км. Цена: 450000еур.

Број на соби: 4 Бањи: 2 Станбена површина: 150 m²
Број на соби: 4 Бањи: 2 Станбена површина: 90 m²

Апартман на сама обала во Ханиоти 90м2 со преубав поглед на морската шир, со 4 спални, 2 купатила, дневна со отворена кујна. Лоциран во мирниот дел на Ханиоти на само 5 минути одење до локалните таверни, продавници и детски игралишта. Апартманот нуди два големи балкони со прекрасен поглед на морето. Се продава комплетно наместен со сите апарати, мебел и бела техника. Паркинг место за 1 возило во комплексот. Оддалеченост од Ханиоти 50м, од плажа 1м, од првиот аеродром во Солун,90км. Цена: 295000еур.

Број на соби: 4 Бањи: 2 Станбена површина: 90 m²
Број на соби: 4 Бањи: 3 Станбена површина: 146.28 m²

Доколку барате исклучителен квалитет и современ дом на море, оваа луксузна вила на ударна локација во Пефкохори, со сопствен базен е идеална недвижност за вас. Архитектонски дизајнирана да ја прикаже модерната елеганција, оваа вила на две нивоа, нуди извонредна можност да имате приватност во ова исклучително огниште покрај сопствен базен и во близина на плажа. На влезот ќе ве воодушеви кујна со трпезарија ,салон со камин,  4 спални, 3 купатила. Од самиот салон се излегува на тераса покрај базенот, со уредени градини,идеално за летни забави и коктели. 2 паркинг места. 15 минути одење до Пефкохори, и 1 мин возење до песочна плажа и морските барови на плажа. Оддалеченост од Пефкохори 800м, од плажа 200м, од првиот аеродром во Солун 100км.  Цена: 650000еур.

Број на соби: 4 Бањи: 3 Станбена површина: 146.28 m²
Број на соби: 4 Бањи: 3 Станбена површина: 108 m²

Луксузен апартман 108м2, на сама обала во Ханиоти, идеален за викенд бегство од стресните загадени градови. Апартманот е на самиот агол од зградата, со 3 спални, 2 купатила, кујна трпезарија и дневна која излегува на тераса околу цел стан. Изграден во 1988год, овој апартман е реновиран за да одговара на потребите на модерното време. Со отворен поглед на морска шир, со овој апартман добивате и гостински апартман од 40м2, на долното ниво,во близина на паркови, таверни и шопинг зона, а самиот газда со апартманот ви остава комплетен намештај, скара, тв и бела техника. Оддалеченост од Ханиоти 100м2, од плажа 1м,а од првиот аеродром во Солун 90км. Цена: 390000еур.

Број на соби: 4 Бањи: 3 Станбена површина: 108 m²

Одлична инвестиција – хотел во Полихроно со 36 апартмани и 600м2 градина, на плац од 1200м2.Лоциран во популарното и живописно место Полихроно, на 50м од плажа, во самото срце помеѓу ресторани ,таверни, продавници и бутици, овој хотел е составен од два објекти на 3 нивоа. Секој апартман е од 33м2, и се препорачува како идеална фамилијарна инвестиција. На плац од 1200м2, самиот хотел е секогаш издаван 6 месеци во годината со убав годишен приход. Цена: 1 500 000 еур.

 

Големина на парцела: 1200 m²
Број на соби: 2 Бањи: 1 Станбена површина: 60 m²

Одлична понуда – апартман во Ханиоти 60м2, со две спални, 1 купатило, посебна кујна, дневна со излез на тераса, комплетно опремен со сите апарати, климатизиран, убав поглед во средени градини, мал поглед кон морето.На 5 мин одење до плажа, и минута до локалниот супермаркет. Апартманот се наоѓа во мал комплекс вили со оградено детско игралиште. Оддалеченост од плажа 250м, од првиот аеродром во Солун, 90км. Цена: 79000еур.

Број на соби: 2 Бањи: 1 Станбена површина: 60 m²
Број на соби: 2 Бањи: 2 Станбена површина: 80 m²

Атрактивен пентхоусе апартман во близина на морска обала, во Ханиоти, 80м2, е идеална летна дестинација. Станот нуди 2 спални, 2 купатила, кујна трпезарија и дневна, со излез на тераса со убав поглед. На само 5 мин. од плажа и околните таверни и продавници. Овој комплекс е на мирна локација и за љубители на природа и зеленило. Излез на голема тераса и од главната спална соба. На две минути одење од паркови, шоппинг зона и детски игралишта. Оддалеченост од плажа 250м, од првиот аеродром во Солун 90км. Цена:130000еур.

Број на соби: 2 Бањи: 2 Станбена површина: 80 m²
Број на соби: 6 Бањи: 4 Станбена површина: 220 m²

Бизнис инвестиција,продажба на 5 мали станови во Пефкохори на плац од 2000м2.Апартманите се на 2 нивоа и еден во сутерен. Два апартмани се од 60м2, 2 мали гарсоњери од 18м2, и сутерен од 60м2. Самиот плац околу апартманите е 2000м2. Идеална можност за убав бизнис, апартманите се во близина на плажа и се секогаш издадени. Сместени се на ударна локација. Оддалеченост од Пефкохори 500м, од плажа 70м, од првиот аеродром во Солун 110км. Цена: 230000еур.

Број на соби: 6 Бањи: 4 Станбена површина: 220 m² Големина на парцела: 2000 m²
Број на соби: 2 Бањи: 1 Станбена површина: 95 m²

Луксузна вила од 95м2 во близина на Паљури плажата,која се смета за најубава на првиот крак, со поглед на зеленило и околните планини. Идеална за викенд бегство од вашиот загаден град, оваа вила нуди место за одмор и рекреација опкружена со бујна вегетација. Обложена со декоративен камен во стилот на зимска вила, 2 спални, 1 купатило ,соба за перење, гостинска соба, кујна трпезарија и дневна, простор за складирање, камин на целиот зид, приватен паркинг. Комплетно опремена кујна, климатизирано и приватно греење.сигурносен систем и многу други дополнителни предности. Веднаш до дуќани и шоппинг зона, Оддалеченост од град 600м, од плажа 800м а од првиот аеродром 120км. Цена: 130000еур.

Број на соби: 2 Бањи: 1 Станбена површина: 95 m²