За Нас

Arrow
Arrow
Shadow
Slider

Сонце Недвижности е една водечките агенции за недвижности во Скопје, која постои веќе неколку години. Како агенција им стои на располагање на клиентите за следните услуги

Изнајмување на станови во Скопје
Продажба на станови во Скопје

Изнајмување на  куќи и вили во Скопје
Продавање на куќи и вили во Скопје

Изнајмување на деловен простор
Продавање на деловен простор

Изнајмување на магацински простор и плацеви за инвеститори
Продавање на магациски простор и плацеви за инвеститори

Сонце Недвижности нуди и низа корисни бесплатни услуги, кои на нашите клиенти им го олеснуваат издавањето и закупувањето, издавањето и продажбата на станови, деловни простори и куќи, и им овозможува полесно снаоѓање на пазарот на недвижности.Некои од најважните дополнителни услуги за сопствениците се пазарна проценка на вредноста на недвижностите, маркетинг, како и совети за најадекватно опремување и презентација на недвижностите, со цел станот или куќата да бидат поатрактивни за потенцијалните клиенти.
Целта е да се исполнат желбите и потребите на нашите клиенти и да имаме сигурна реализација и задоволни клиенти од двете страни.

За клиентите кои имаат потреба да купат стан,куќа или деловен простор, или да ја изнајмат својата недвижност, креираме понуда по нивните барања и потреби, организираме гледање на недвижностите, давајќи притоа опширни информации за локацијата, а воедно и посочуваме кои се најдобри понуди со најниска цена а поголема вредност. Нашата цел е на клиентот кој има потреба да купи или изнајми недвижност, да му ја олесниме одлуката а воедно и да му заштедиме време и пари. Во сите трансакции нашиот стручен тим кој ги составува договорите е за целосна транспарентност во работата помеѓу двете страни, од самиот почеток до крајната реализација на договорот.

Сонце Недвижности е секогаш фокусирана на успешна соработка и задоволни клиенти, без оглед дали се работи за странски инвестотори, претставништва и организации или наши постојани клиенти. Нашиот тим ги следи сите модерни трендови кои го обликуваат пазарот на недвижности, овозможувајќи им на своите клиенти најсовремена услуга во вид на комуникација и маркетинг како и дополнителни информации од областа на инвестирање во Скопје и Македонија.

Најдобра вредност за вашите пари,
Со почит,
Сонце Недвижности


ЦЕЛ, МИСИЈА И ВИЗИЈА

Целта на Сонце Недвижности секогаш била сопствениците и клиентите кои нудат или побаруваат стан, куќа, плац или деловен простор, да работат со нашата агенција затоа што имаат доверба во нашите информации, совети како и професионалната и пријателска услуга. Ние создадовме посебен пристап со кој ни е важно истовремено да сте задоволни со крајниот исход на завршената работа, без разлика дали се работи за изнајмување или продажба, но воедно и да ви претставува задоволство да работите со нашиот тим.
Мисија на Сонце Недвижности е

• Да нуди најдобри, најдоверливи и професионални услуги при посредувањето во продавањето или изнајмувањето на квалитетни недвижности,
• Да нуди дополнителна вредност на услугите во вид на корисни информации и совети поврзани со недвижностите,
• Помош на странците со основни информации, да се чувствуваат во Скопје како дома

Визија на Сонце Недвижности

Сонце Недвижности е агенција која клиентите ја бираат поради професионалниот, доверливиот и пријателски пристап при работењето и посредувањето во изнајмувањето и продажбата на недвижности, без оглед дали се работи за стан, куќа, плац или деловен простор, како и поради компетентноста и трудољубивоста на тимот на Сонце Недвижности.